Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

Форум на млади Битола е придружна организација членка која веќе 11 години е дел од семејството на Коалиција СЕГА. СЕГА не би била тоа што е денес, без активниот придонес на нашите организации членки и нивната грижа за младите на локално, регионално и национално ниво.

#ВолонтирајИнспирирај  #15годиниСЕГА

 

Форум на млади Битола е невладина, неполитичка, непрофитна, волонтерска организација чија примарна цел е да се развијат културните и хуманитарните карактеристики на граѓаните. Организацијата е основана во 1999 година од група на млади ентузијасти, чии цели се да се направи нешти ново за потребите на младата популација. Форум на млади е локална организација, а активностите и проектите кои се реализираат се одржуваат во Битола и нејзината околина.

Најважни цели на организацијатa се:

Промовирање на различни уметнички и културни активности преку наоѓање на простор за младите луѓе каде ќе се развива нивната креативност;

Промовирање на мир, демократија, борба за човекови права и борба против дискриминација од секаков вид и ограничувања како и заштита на праватa на малцинствата;

Aнализирање и известување за моменталната ситуација на младината во Северна Македонија.

Форум на млади има постигнато доста успеси во вклучувањето на млади луѓе во донесување на важни одлуки од јавен интерес. Низ активностите на оваа организација постигнати се многу важни врски помеѓу локалната самоуправа и другите НВО-и.

Нејзиното искуството со волонтери започнува од самото формирање на организацијата во 1999 година, а со волонтери од странство од 2006та година преку ЕВС во склоп на YouthInAction програмата а потоа и Еразмус +. На долгорочни проекти досега има испратено околу десетина волонтери во време треање до година дена а во рамките на размените и обуките стотина млади биле дел од активностите на Форум на млади.

 

Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден.

Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме Национална Кампања на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.

Leave a comment