Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

Вчера, на 09 јули 2019 година, во просториите на Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА се одржа уште едена работилница од Летната креативна школа за дечиња.

 

На работилницата учествуваа 11 дечиња.

За да ги размрдаме нашите мозочиња, започнавме со играта „Бесилка“, погодувавме зборови.

После играта продолживме со нашата главна цел, а таа беше - Да му дадеме втора шанса на пластичното шише.

Научивме дека пластиката која ја фрламе многу потешко се разградува и ја загадува пошироката околина.

За таа цел, со помош на нашите волонтери од Франција и Турција, заедно со вредните рачиња на нашите дечиња, успеавме од пластични шишиња да направиме предмети кои би ни биле од голема помош и би ни го олесниле секојдневието.

 

Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА ќе продолжи со работилници и дружба со нашите дечиња!

Leave a comment