Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

Како дел од кампањата „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ на ден 13ти јуни во Скопје се одржа панел дискусија на тема „Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата“.

Настанот беше организиран по повод 15 годишнината на Колицијата на младински организации „СЕГА“ од Прилеп, а спроведен од страна на Волонтерски Центар Скопје. Како панелисти на дискусијата присуствуваа Зоран Велковски од здружението Интеркултура, Нина Даскаловиќ како претставник од Министерството за труд и социјална политика и Петар Ѓорѓиоски како претставник на општина Кисела Вода. На дискусијата се дискутираше за младинско учество, волонтерство, младински политики, беше презентиран Законот за волонтерство, а спомнат беше и Законот за младинско учество и младински политики. Се зборуваше за тоа колку луѓето сакаат да волонтираат, какви можности има за волонтирање, како до поголемо учество во волонтерски акции.

Кампањата има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање во нашата земја. Преку кампањата и предвидените активности ќе се влијае на подигнување на свеста кај младите за волонтирање преку нивно вклучување во конкретни волонтерски локални акции.

Leave a comment