ИНФО ЛАБ (259)

Од вторник до петок, Фестивал на новиот германски филм

Една седмица по завршувањето на фестивалот на европски филм, љубителите на филмската уметност од Кавадарци во неделата која ни претстои ќе имаат ексклузивна можност да погледнат дел од најновите остварувања од германската кинематографија.

Во четврток, изложба на Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски

Во четврток, 19 октомври 2017, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена заедничка изложба на ликовните уметници Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски.

Денес завршува фестивалот на европскиот филм

Со проекцијата на швајцарскиот филм Темна судбина (Dark Fortune), денес и официјално завршува Фестивалот на Европски филм 2017 кој годинава е дел од манифестацијата „Кавадаречка културна есен“.

Во сабота, традиционален турнир на СППМД по повод „football people week“

По повод „football people week“ кој е во рамките на FARE кампањата, Советот за Превентива против Мaлолетничка Деликвенција - СППМД и годинава ќе организира турнир во мал фудбал.

Навивачите на Манчестер Јунајтед добија свој дом и во Кавадарци

Навивачите на Манчестер Јунајтед добија свој дом и во Кавадарци, каде одсега па натаму ќе се следат сите натпревари на Црвените ѓаволи, но и ќе се навива за Македонија.

Отворена изложбата „Салон 11 Октомври“

Под насловот „Салон 11 Октомври“, младите уметници од Кавадарци кои во меѓувреме пораснаа во врвни уметници и нивните гости повторно го привлекоа вниманието на кавадаречката јавност која ја исполни Галеријата при кавадаречкиот Музеј.

Тиквеш падна на шестата позиција на првенствената табела, одземен бодот од Гевгелија

Фудбалската федерација на Македонија ја уважи жалбата на фудбалскиот клуб Кожув поднесена против екипата на ГФК Тиквеш, која на меѓусебниот натпревар одигран минатиот викенд ги прекршила правилата на ФФМ.

Младите од Кавадарци ги запознаа можностите за вон училишни активности

По јубилеен, петти пат, Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво го организираше Саемот за вонучилишни активности, доближувајќи им ги на младите можностите за спорт, рекреација, доедукација и социјалзиација.