Tuesday, 12 February 2019 12:32

За ИНФО Клубот Штип

Written by 
Rate this item
(0 votes)

Работата на Младинскиот Инфо клуб во Штип  ќе биде фокусирана на споделување на информации и советување за младите, особено за студентите кои дипломираат на униврзитетот во Штип.

 

Целта на младинскиот Инфо клуб е да им обезбеди точни и навремени информации на сите заинтересирани студенти, потенцијални корисници на програмата и ќе служи како мрежно средство со бизнис-секторот и центрите за вработување во конкретниот регион.

Младинскиот Инфо клуб ќе им помогне на корисниците да се запознаат со условите и придобивките што се нудат преку Оперативниот план на Владата на Р.М за разни програми за вработување, можности за работа  и воспоставување на бизниси и ќе обезбеди соодветни начини за упатување на младите и за советување. За таа цел, се воспоставува дневна комуникација со претставниците на центарот за вработување од Штип, стопанските комори, приватниот бизнис сектор, регионалниот центар за промоција на претприемништвото, граѓански организации кои работат во Штип и со УНДП.

Инфо клубот работи со работно време по 5 часа дневно од 10:00 – 15:00 часот секој работен ден и е лоциран во просториите на Кампус 2 на Универзитеот Гоце Делчев во Штип. Лицата кои работат во Инфо клубот се детално запознаени со работата на Инфо клубот и се соодветно обучени за информирање и советување на млади лица за можностите кои ги нуди Оперативниот план на Владата.

Инфо клубот организира различни настани  како што се промоции, видео проекции, обуки за млади на темите Биланс на компетенции и Кариерно насочување, средби со локални бизниси (бизнис кафе со инспиративни приказни), панел дискусии и слично во деновите кога е во тек периодот на пријавување за одредена мерка; Презентациите ќе се фокусираат на можностите за вработување на младите.

ИНФО клубот има развиено стратегија за информирање на студентите и на учениците од  средните стручни училишта од Штип и ќе подготви програма за теренска работа која ќе служи за овој профил на млади луѓе.

Read 268 times Last modified on Wednesday, 11 September 2019 13:17

Leave a comment

Make sure you enter the (*) required information where indicated. HTML code is not allowed.