Дури и ако веднаш станете наутро со намера да имате продуктивен ден, лесно е да излезете од колосек.

Да бидеме искрени – кој не си го одвлекува вниманието напрвин наутро проверувајќи ги профилите на социјалните мрежи или читајќи  што сите мислат за епизодата од Игра на тронови од претходната вечер?

Еве нешто: Како да Ви почне утрото, и како да воспоставите тон и динамика за да ги завршите сите обврски во денот?

Заокруживме на шест брзи (затпа што знаеме колку е важно очите да се затворени подолго време исто така) и едноставни начини да го започнете утрото со сила, поенергично и со цел да имате убиствено продуктивен ден.

 Моќен утрински трик бр. 1: Вклопете се во седум-минутен тренинг

Додека знаеме дека е полесно да се каже отколку да се направи да се истркалате од креветот кога сонцето се појавува, добивајќи екстра време да вежбате претпладне си давате енергија за преку целиот ден.

Истражувањата покажуваат дека создавањето навика за тренинг помага да се подобрат менталните функции и меморијата – со што си помагате да бидете попродуктивни.

Дали споменавме дека тоа може да ви помогне да изгледате средени? Една студија во 2013 покажала дека вежбањето пред доручек помага да согорите 20% повеќе маса отколку ако вежбате во подоцна во денот.

Моќен утрински трик бр.2: Благословете се со две-минутна медитација

Убедени сте дека немате време или дисциплина да медитирате секој ден? Па, ако може да одделите 120 секунди, тогаш имате.

Додека тоа може  да звучи како многу време, повеќе студии покажале дека кратките дози медитација доаѓаат со мноштво придобивки што може многу поволно да влијаат на Вашата кариера – од тоа да ги изострите когнитивните способности и да бидете пофокусирани до подобрување на донесувањето на одлуки.

Моќен утрински трик бр.3: Внимателно потцртајте листа со работи што не треба да ги правите 

Сите имаме милји долги листи со задачи кои делумно се трудиме да ги следиме секој ден, но изненадувачкки продуктивна тајна е всушност да се направи спротивното – размислете за работи што, без разлика колку сакате да ги правите, може да ги прескокнете 24 часа.

Моќен утрински трик бр.4: Слушајте моќна музичка плејлиста

Направете нова енергичн музичка плеј листа еднаш неделно, или пронајдете на интернет. Овој трик ќе Ве внесе во денот, ќе бидете пофокусирани и поуспешни во остварување на намерата за здрави навики, личен развој и продуктивност. Будењето со одредена намера може да направи драматична разлика, а воедно и да влијае на Вашиот иден успех.

Моќен утрински трик бр.5: Измијте ги садовите (да, добро прочитавте)

Засукувањето на ракавите за рачно да измиете мијалник полн со нечисти садови од вечерата претходната вечер може да е последното нешто што би сакале да го правите рано наутро, но неодамнешна студија покажала дека внимателното миење чинии – со други зборови да се остане во моментот додека триете – тоа ја намалува анксиозноста и прави да се чувствувате поинспирирани.

Кој не сака да по почне денот така? Но за навистина да ги уживате бенифитите, мора тоа да го направите правилно.

Моќен утрински трик бр.6: Именувајте две најважни цели за денот

Правиме избори во текот на целиот ден – од одбирање на облека до одлучување како да се пристапи на поголем проект.

Проблемот е што донесувањето на една по друга одлука ни ја црпи менталната енергија, што води до таканаречен „замор за одлуки“, што значи дека можеби веќе сте ја искористиле најдобрата ментална моќ за тој ден веќе размислувајќи за опциите на утринското кафе.

Но, има начин за борба против „заморот за одлуки“ со само една едноставна задача: кога се будите и сте најсвежи, одлучете се за две нешта што најмногу сакате да ги завршите, без разлика на тоа колку малку време би ви одземале.

 

Исто така размислете за тоа да креирате утринска рутина што ќе ги намали ситуациите на донесување одлуки, како на пример, да имате ист доручек секој ден.

Leave a comment