10: Тоа е добро за тебе.
Волонтерството значи физичка и ментална награда. Тоа:
· Ослободува од стрес: експертите велат дека кога се фокусираш на некој друг освен себе, тоа ги прекинува вообичаените шеми кои создаваат тензија.
· Те прави поздрав: Расположенијата и емоциите како оптимизам, радост, и контрола над сопствената судбина, го зајакнува имуниот систем.
9: Заштедува ресурси.
Волонтерството значи вредни општествени услуги, така повеќе средства може да се потрошат на локални подобрувања.
· Пресметаната вредност на времето на волонтерот е 15,39 долари на час.
8: Волонтерите се здобиваат со професионално искуство.
Можете да имате пробна кариера.
7: Ги зближува луѓето.
Како волонтер помагате во:
· Зближување на луѓето од различни средини и со различни позадини да работат заедно на иста цел
· Создавање пријателства и тимска работа
6: Се поттикнува себе-надградувањето и самодовербата.
Разбирањето на потребите на општеството помага да се развие емпатијата и себе-ефикасноста.
5: Волонтирањето го зајакнува општеството.
Како волонтер помагате:
· Во поддршка на фамилии (дневна нега и нега на постари лица)
· Да се подобрат училиштата (учителствување, писменост)
· Да се поддржат младите (менторство и вон-школски активности)
· Да се разубави оптеството (акции за чистење)
4: Учите многу.
Волонтерите учат работи како:
· Себе: волонтерите откриваат скриени таленти што може да го променат мислењето за сопствената вредност.
· Влада: Преку работењето со локални невладини организации, волонтерите учат за функциите и операциите на владата.
· Општество: Волонтерите се здобиваат со знаење за локалните ресуси кои се на располагање за да се решат проблемите во заедницата.
3: Имате шанса да вратите некому нешто.
Луѓето сакаат да ги поддржуваат ресурсите на општеството што и самите ги користатили од кои имаат бенефит луѓе кои им се драги.
2: Волонтерството ја поттикнува граѓанската одговорност.
Општествените услуги и волонтеризам се инвестиција во нашата заедница и луѓето што живеат во неа.
1: Правите разлика.
Секоја личност е важна.