Истражувачите откриваат дека оние луѓе кои чувале кучиња имале помал ризик за смрт од кардиоваскуларна болест, како и од било кои други причини. Ова се резултати за лица кои чувале каков било вид на чистокрвно куче во домот. Резултатите за луѓето кои чувале мелези не биле доволно јасни бидејќи нивниот број бил многу помал.
Во просек, ризикот од смрт во домот со повеќе луѓе бил намален за 11 проценти, а ризикот за смрт од кардиоваскуларни болести бил намален за 15 проценти.
Сигурно се прашувате зошто чувањето куче е подобро за вас? Истражувањето открило поврзаност помеѓу чувањето куче во домот и подолгиот живот, но не ги истражувало сите причини за ова. Научниците сепак пронашле некои свои објаснувања.