Луѓето не  киваат за време на спиење

Кивањето се случува поради иритација на носниот канал. Кога спиеме сме помалку чуствителни и импулсите не се толку силни. Но ако има многу силна арома, како на пример чад, човечкото тело ќе се разбуди.

 

Облаците се движат со брзина од околу 150 километри на час

Кога ги гледаме облаците мислиме дека се движат многу бавно, но нивната брзина е голема. Брзината зависи од нивната висинска поставеност и брзината на ветрот.

Францускиот јазик бил официјален во Англија околу 600 години

Францускиот бил официјалниот јазик на правдата и судот до 18-тиот век. Мотото на грбот на Велика Британија, е напишано на француски и во парламентот и ден денес се користат некои француски фрази.

Знакот на доларот ($) е постар од банкнотата

Според приказната која е веројатно најточна, шпанските пезети кои биле користени во Америка биле обележувани со симболот $. Пезетата била запишувана како PS, а со текот на времето буквите се поклопиле и се добил симболот.

Сонцето е бело

Иако сонцето е познато како жолта џуџеста ѕвезда, неговата боја е многу поразлична. Всушност, сонцето е бело, но нам ни изгледа жолто поради атмосферата.

 

Leave a comment