Велигден е еден од најголемите верски празници кој го означува Христовото воскресение. Овој празник е малку поразличен во однос на обичаите на православните христијани за разлика од другите Христијански вери.

 

Кај припадниците на православната вера, Велигден секоја година се паѓа во период од 4 април до 8 мај.

Главното обелжје за овој празник се бојадисани јајца. Порано се бојадисувале само црвени јајца, а се верува дека овој обичај потекнува од Марија Магдалена, која според Библијата, однела јајца обоени во црвена боја пред тогашниот римски цар Тибериј кога се дознало дека Христос Воскреснал.

На овој денправославните христијани  се поздравуваат со Христос Воскресе и се возвраќа со Ваистина Воскресе.

Некои домаќинки ги бојадисуваат  јајцата само во црвена боја, а некои ги шараат на најразлични бои и варијанти.

Во повеќето краишта домаќинката прво  се помолува на Бога, а потоа во садот во кој се варат јајцата истура малку од светената вода, таа која е светена во текот на Велигденскиот пост. Според обичајот, првото јајце се вапца во црвена боја, се смета дека тоа е чувар на куќата и се чува во текот на целата година.

За Велигден се меси погача, во која се прават вдлабнатини, во кои се ставаат велигденските јајца. И овој обичај е различен на различни места.  Во некои места се месат повеќе погачи и потоа се разменуваат со пријателите.

Во некои краишта се кријат колачи и јајца во домот и во дворот, и потоа децата почнуваат да ги бараат веднаш по Велигденскиот појадок.

Во поголемите средини  се украсуваат домовите со најразлични украси како фигури, јајца изработени од најразлични материјали и разни декорации кои можат да се купат во специјални продавници. Во помалите средини куќите најчесто се украсуваат со многу цвеќе.

Leave a comment