„Стравот кој дозволувате да се создаде во вашиот ум е полош од ситуацијата која всушност реално постои.“ – Спенсер Џонсон („Кој го здипли моето сирење“)

 

„Првичната причина за несреќа никогаш не е ситуацијата, туку мислите за неа.“ – Екарт Тол („Нова земја“)

„Сè што презирате и она на што остро реагирате кај другите, истото се наоѓа и во вас.“ – Екарт Тол („Нова земја“)

„Моќта е во вашите мисли, затоа останете будни. Со други зборови запаметете да запаметите.“ – Ронда Бирн („Тајната“)

„Повеќето луѓе не слушаат со цел да разберат, слушаат со цел да одговорат.“ – Стивен Кови („Седумте навики на високо ефективните луѓе“)

„Човечките суштества се лоши оценувачи, изложени на суеверија, предрасуди и длабока тенденција да го гледаат она што сакаат да го видат, а не она што вистински постои.“ – Скот Пек („Патот по кој поретко се оди“)

„Нашето минато може да објасни зошто страдаме, но не смееме да го користиме како изговор да останеме во ропство.“ – Џојс Маер („Бојното поле на умот“)

„Не може да имате убав живот, а негативен ум.“ – Џојс Маер („Бојното поле на умот“)

„Трпението не е способност да чекаме, туку способност да имаме добар став додека чекаме.“ – Џојс Маер („Бојното поле на умот“)

„Секоја секунда е можност да го промените животот, бидејќи во секој момент може да го промените начинот на кој се чувствувате.“ – Ронда Бирн („Моќта“)

 

Leave a comment