Кошаркарот Тим Данкан ја жртвувал својата кариера и наместо директно да замине во НБА лигата, останал 4 години да заврши факултет. Тој на својата мајка додека била на смртна постела ѝ дал ветување дека ќе дипломира, па така и сторил.
Луѓето многу често имитираат нечиј говор поради симпатија кон личноста, со цел да се зближат и да се асоцираат со нив.
Едно истражување покажало дека брокерите се повеќе манипулативни и помалку совесни од дијагностицираните психопати.
Астронаутите кои се вратиле од вселената, тврдат дека истата мириса како прегорен стек или жежок метал.
Ако умрете во Амстердам без најблиските и никој не дојде на вашиот погреб, поет ќе напише песна за вас и ќе ја рецитира на вашиот погреб.
Бил Клинтон испратил вкупно 2 имејл-пораки за време на неговата функција како претседател.
Дени Трејо е познат по улогите на негативци кои ги толкува. Тој самиот тврди дека одбира такви улоги за да ги научи младите што се случува со лошите луѓе, дека тие завршуваат во затвор или умираат.
Главниот преведувач во европскиот парламент, Лоанис Икономоу, течно зборува 32 светски јазици.
Дури 70% од убиствата во Детроит не се разрешуваат.
На Шон Конери му била понудена улогата на Гандалф во „Господарот на прстените“, но тој одбил образложувајќи дека не го разбирал сценариото. Доколку прифател ќе заработел 400 милиони долари, со оглед на тоа што му биле понудени 15% од заработувачката.
Во текот на деведесеттите, сите учителки во Северна Кореа со цел да добијат сертификат, морале да знаат да свират на хармоника.
Куче-скитник има спасено 50 американски војници во Авганистан. Преку група на Фејсбук биле собрани 21.000 американски долари со цел да се доведат кучињата скитници во Америка и да се спојат со американските војници.
Норвешка добива 98-99% од својата електрична енергија преку хидроцентрали, повеќе од која било друга земја.
На Фејсбук постојат околу 30 милиони профили на луѓе кои се починати.
Во најголемиот затвор во Боливија има посебно општество за затворениците, во кое нема ни стражари. Затворениците си одбираат свои лидери, имат свои закони, се вработуваат за да платат кирија за своите ќелии, а доколку сакаат можат да живеат таму со своите семејства.
Во 1973 година, пијан возач удрил во најизолираното дрво во светот и го уништил. Дрвото се наоѓало во средината на пустината Сахара.
Местото Окинава во Јапонија има повеќе од 450 жители кои се постари од 100 години, и е познато како најздравото место во светот.
Збирот на сите броеви на тркалото за рулет е 666.
Оригиналната верзија на филмот „Трон“ не ја добил наградата за најдобри специјални ефекти, бидејќи продуцентите биле обвинети дека „лажеле“ со тоа што употребувале компјутери.
Поради количината на гранит во неговата конструкција, Централната станица во Њујорк произведува повеќе радијација отколку што е дозволиво во нуклеарна постројка.
Кевин Спејси е актер кој навистина го чува својот приватен живот за себе. Самиот тој има изјавено: „Колку помалку знаете за тоа каков сум во приватниот живот, толку моите улоги во филмовите се поубедливи.“
Слоновите премногу се плашат од пчели. Тие дури имаат и звук со кој меѓусебно си сигнализираат кога доаѓаат пчели.
Диктаторот Сталин толку го мразел својот син, што кога тој безуспешно се обидел да се самоубие, Сталин искоментирал „Тој не може ни да пука право“. За време на војната кога неговиот син бил киднапиран од страна на Германците, Сталин ја одбил размената со војници за да го врати назад.
Коко е позната горила, за која се вели дека покрај другото, разбирала над 2.000 англиски зборови. За време на нејзината средба со телевизиската ѕвезда господин Роџерс, Коко му ги соблекла чевлите исто како што тој го направил тоа во почетоците на неговото шоу. Коко еднаш ги излажала своите тренери со помош на јазик со знаци, обвинувајќи едно маче за штетата на ѕидот која сама ја предизвикала.