Престолнината на Велика Британија го симна од првото место Монтреал, кој минатата година беше прогласен за најдобар град за студентите.
Цел на истражувањето беше да обезбеди повеќе статистички податоци и фактори, како егзистенцијалните услови, инфраструктура, и поволностите за студирање.
Дури 50 000 студенти од Лондон учествувале во истражувањето давајќи одговори за нивното искуство во градот, како и нивната желба да останат после студиите.
На второ место е Токио, а на трето Мелбурн. Минатогодишниот победник, Монтреал се најде на четвртото место, а Париз на петтото место.