Секое лошо е за добро, секоја тага носи нова среќа. Кренете ја главата и продолжете понатаму. Не дозволувајте моменталните неуспеси и разочарувања да ве депримираат. Ниедна тага не е вечна. Секогаш бидете тоа што сте. Никогаш не обидувајте се да сокриете кои сте. Еве неколку инспиративни мисли кои ќе ве натераат секогаш да гледате на позитивната страна на нештата:

 

 

 „Кога светот вели ‘откажи се’, надежта шепоти ‘пробај уште еднаш’.“ – анонимен автор

„За бидеш  најдобар, потребно е да се справиш со најлошото.“ – Вилсон Канади

„Никогаш не дозволувајте вашето минато да ви диктира кои сте, но сепак нека биде дел од она што ќе станете.“ – Џони Магања

„Луѓето кои нè повредуваат ни ги даваат најголемите лекции во животот.“ – анонимен автор

„Следете го вашето срце без сомневање. Ако е во право, ќе успеете, ако не, ќе научите.“ – Вилсон Канади

„Од добрите работи учиме да бидеме благодарни, а од лошите да бидеме силни личности.“ – Вилсон Канади

„Не можам да го сменам правецот на ветерот, но можам да ги прилагодам моите едра да ме однесат до мојата цел.“ – непознат автор

„Секогаш борете се за она што го сакате, не откажувајте се од тоа без разлика колку изгледа безнадежно. И кога ќе немате веќе надеж, запрашајте се дали после 10 години би посакале да се обидевте уште еднаш, бидејќи најубавите работи во животот не се случуваат ‘бесплатно’.“ – Досонс Крик

„Сништата се денешните одговори на утрешните прашања.“ – непознат автор

„Вашиот проблем не е навистина ваш проблем. Вашата реакција на проблемот е всушност ваш проблем.“ – Брајан Кинси

 

Leave a comment