Знаевте ли дека положбата во која спиете кажува многу за Вашата личност?

На пример, Леонардо да Винчи на секои 5 часа спиел по 20 минути за да ги наполни неговите интелектуални батерии, а Чарлс Дикенс спиел свртен кон север бидејќи чувствувал дека тоа ја подобрува неговата креативност.

Повеќето сигурно немаат ексцентрични навики за спиење како Мараја Кери, која се опкружува себе си со 15 навлажнувачи пред пладневната дремка, но мали суптилности во личниот стил на одложување на будењето, кажува многу за тоа кои сме, исто како што кажува и музиката која ја слушаме, бојата која ни се допаѓа или животните патишта што ги бираме.

Позицијата во која што спиеме изгледа како целосно потсвесен избор, но она што ја диктира позицијата во која најмногу време спиеме е токму фактот ‘кои сме навистина ние’ , и ако некој навистина сака да знае каков е другиот, тајната е во дремката.

Како спиете навечер? На страна, грб, или стомак? Верувале или не, тоа може многу да каже кои сте кога сте будни.

 

 

СПИЕЊЕ НА СТРАНА

Оваа позиција во која се спие на страна, нозете се испружени право и рацете се на страна е втората најпопуларна позиција. Иако можеби изгледавкочанета, личноста што спие вака е се освен крута. Овие спанковци се многу социјални и лесно прилагодливи луѓе. Иако сакаат да разговараат со секакви луѓе, дефинитивно преферираат да бидат со А класа луѓе. Тие се луѓе на кои може да им се верува, што може некогаш да направи да изгледаат малку лековерни. 

 

ПОЗИЦИЈА ‘КОПНЕЖ’

Оваа позиција многу е слична на спиење на страна. Личноста спие на страната но рацете се исправени напред, како мумија. Истражувањата покажале дека луѓето што спијат во оваа позиција се обично многу отворени и привлечни. Сепак, може често да се сомневаат и да бидат цинични. Луѓето што спијат во позиција ‘копнеж’ се исто така бавни како желки кога станува збор за донесување на одлуки, но еднаш штом се одлучат, тие се инаетливи како магариња за да ја променат одлуката. 

ВОЈНИК

Внимание! Тој што спие во позицијата ‘војник’ спие на грб со рацете надолу по телото. Оние што спијат во оваа положба обично живеат по нивно, стремејќи се да бидат силни, тивки луѓе, што не сакаат многу врева. Тие имаат структура и се земаат себе си и тие околу нив многу сериозно. Ова значи дека имаат и високи очекувања за себе и другите околу нив. Исто така, имаат и тенденција да ‘рчат. 

СЛОБОДЕН ПАД

Тој што најчесто спие во оваа позиција, лежи врз стомакот, со главата на страна, а рацете околу перницата. Како што кажува и самото име, ваквите спанковци имаат отворена, друштвена и разиграна личност. Сепак, може да дојдат до состојба да бидат многу дрски. Може да изгледаат дека се со слободен дух најчесто, но личностите што спијат во слободен пад се тајно анксиозни и жедни за онтрола. Иако се стремат да преземаат ризици, тие се изненадувачки чувствителни на критики исто така. 

МОРСКА ЅВЕЗДА

Оваа позиција е најмалку популарна. Овие спанковци лежат на грбот со нозете исправени напред и рацете исправени кај нивната глава, со што изгледаат малку како кактус. Луѓето што спијат во овој неконвенционален стил се многу лојални пријатели и за нив пријателствата се голем приоритет во животот. Обожаваат да ги слушаат проблемите на другите и ќе пробаат на нивен начин да им помогнат кога можат. Има смисла, бидејќи во оваа позиција би изгледале како да посегнуваат по прегратка.

ФЕТУС

Оваа позиција, во која личноста спие на страна со нозете свиткани, е една од најпопуларните позиции. Всушност, според истражувањето изведено од експертот за спиење Крис Иџиковски, доктор на науки и автор на книгата „Научи на спиеш добро“, 41 % од луѓето спијат на овој начин. Ако ја претпочитате оваа позиција додека да заспиете, може да изгледате како тешка личност однадвор, но да сте многу срамежливи и чувствителни одвнатре. Овие луѓе исто така може да мислат премногу на проблемите и да се грижат непотребно.

 

 

 

Leave a comment