Додека повеќето од нас се навикнати да гледаат графити нацртани на напуштени згради или во метро станици, сопствениците на францускиот хотел „Au Vieux Panier“ лоциран во Марсеј, се одлучиле токму со овој вид уметност да декорираат една од хотелските соби.

 Францускиот графити-артист Тилт, кому му било дозволено да дизајнира една од собите, одлучил половина да ја остави бела, а другата половина да ја обои со графити. Ја нарекол „Панична соба“. Контрастот е толку силен, а изведбата толку прецизна и детаљна, што буквално изгледа како дизајнот да е отсечен од половина од собата со ножици. Имено, сопствениците на хотелот секоја година им отстапуваат 6 соби на познати уметници и дизајнери, оставајќи ги целосно и слободно да се изразат, без никакво ограничување.

Leave a comment