Таа се наоѓа во близина на една дива плажа, недалеку од Окленд, Нов Зеланд, а е опколена со дрвја од видот Похутукава, кој е познат како Новозеландско Божиќно дрво.
Куќата е на два ката, а е безмалку целосно изградена од дрво и стакло, од подот до плафонот, правејќи ја природата главен елемент во нејзиниот дизајн. Од далеку таа личи како да е дел од нејзината околина. Нејзиниот ентериер е прекрасен и релаксирачки, создавајќи пријатна атмосфера, а приватните места во куќата се дискретно одделени. Сè на сè, одлично архитектонско решение за поголемо уживање и бескрајни топли мигови.