Ова столче со интересен и креативен дизајн совршено може да се вклопи во секое кафуле. Дизајнирано е од Кореецот Sunhan Kwon, а името („Coffee Chair“) го добива според неговата очигледна форма.

Столчето перфектно ги исполнува двата клучни дизајнерски елементи, функционалноста и декоративноста. Задниот дел т.е. потпората за грбот е изработена како силуета на филџан за кафе, на чија рачка можете да ја закачите вашата чанта или пак вашето палто. Тоа се произведува во „Bentek Furniture“, фабрика за мебел во Јужна Кореја, а е изработено од дрвен фурнир со европско потекло. 

Leave a comment