Убавите шарени ѕидови, фреските со цртежи од човечката историја, интересните и креативни ознаки и неверојатната чистота се само дел од карактеристиките на овој метро систем. Се наоѓа во Стокхолм, Шведска кој првично датира од 1950 година.

 

Последните измени и доработки за оваа станица биле направени во 1994 година со што денес оваа подземна железница се смета за една од најкреативните и најуметничките во светот.

Овој систем се состои од вкупно 100 станици од кои 47 се подземни, а 53 надземни. Подземните станици се оние кои се од наш интерес. За многу од нив се користени органски материјали при изградбата и темелите се оставени необработени за да ја задржат својата природна форма, која е дел од декорациите на самата станица.

Станицата Kungsträdgården е наречена станица на скулптури, кои се чини, потекнуваат од многуте срушени објекти во време на повторниот развој на Стокхолм, за време на 50-тите и 60-тите години. 

Leave a comment