Постои ли некој кој не би сакал да живее во градина, богата со прекрасна вегетација, која ги одмора очите и душата? Секако дека не постои. Но, колку и да ја сакаме природата, на сите ни е потребен покрив над глава, за да можеме да преживееме.

Ќе се сложите ли со нас дека совршениот склоп на удобност, елеганција, луксуз и ефект на живеење во градина, е постигнат токму во оваа куќа?

Sky Garden House“ е куќа со фантастични градини на три нивоа, една на кровот и две на балконите. Се наоѓа на островот Сантоса во Сингапур, а е дизајнирана од страна сингапурското архитектонско студио Guz Architects.

Кривулестиот покрив е целосно прекриен со трева и има прекрасен поглед кон заливот.

 

Според она што го гледаме на сликата, можеме да заклучиме дека целта на архитектите е дефинитивно постигната, нели?

Leave a comment