Постојат многу начини на забавување на процесот на стареење и зависи од нас кои ќе ги избереме. Постојат многу научни докази дека исхраната може да влијае на стареењето на клетките на телото, а некои производи и начинот на кои ги подготвуваме може да го забрзаат целокупниот процес. Од друга страна, ако правилно ја подготвуваме храната, може да го забавиме стареењето.
Зеленчук и овошје
Ако сакаме да го спречиме стареењето зеленчукот и овошјето се најважни за исхраната поради присуството на антиокситансите кои го спречуваат негативните својства на слободните радикали.
Авокадо
Најефективен производ кој влијае во забавување на процесот на стареење е авокадото. Авокадото го чисти телото од согорени масти. Потоа следуваат цитрусните овошја: лимон, грејпфрут, портокал итн.. Тие се богати со витамин Ц, кој има силно антиоксидантско дејство.
Брокула
Брокулата е извор на многу состојки кои делувааат како антиоксиданси и кои го спречуваат создавањето на слободни радикали. Таа исто така е многу ефикасна при превенција и третман на неколку видови на рак.
Спанаќ
Спанаќот има лутеин, антиоксиданс кој е пред се агенс за забавување на процесот на стареење.
Морков
Морковор содржи бета-каротин. Во една чаша свеж сок од морков има 24 мг бета-каротин. Тој штити од многу болести, и добро е да се знае дека не се уништува со готвењето.
Лук и кромид
Тие се важни за регулација на крвниот притисок, и се важни за одржување на виталноста на крвните садови. Особено се важни за превенција од таканаречениот лош холестерол.
Домат
Доматот е богат со лукопен, антиоксидант кој е задолжен за корисни ефекти на многу телесни функции. Исто така тој не се уништува со готвење.
Кељ
Кељот го спречува ризикот од рак на стомакот и рак на дојката. Немојте да го готвите многу време, најдобро е да биде само кратко термички обработен.
Грозје и бобинки
Грозјето и бобинките се богат извор на антиоксиданси кои го забавуваат стареењето. Црното грозје има и други антиоксиданси во лушпата и семето што го регулира холестеролот во крвта и спречува екстремно згрутчување на крвта.
Спанаќот, портокалот и брокулата содржат и фолна киселина што особено важна за забавување на процесот на стареење, а ја има и во црвениот грав, јајцата и семките од тиква.
Секако, постојат и други продукти со вакви својства, но многу е важно да се спомене дека подеднакво е важна и физичката активност, здрав живот без притисок и стрес и многу движење.