Маска за затегнато и цврсто лице
Кафе и мед - Помешајте една лажичка мелено кафе со една лажичка мед. Смесата нанесете ја на лицето и оставете да отстои 20 минути. Измијте го лицето со ладна вода и повторувајте ја постапката трипати неделно.
Маска за сјајна кожа
Јогурт и лимон - Измешајте по една лажичка од јогуртот и лимон и тријте полека 5 минути. Измијте се со ладна вода и повторувајте ја постапката двапати неделно.
Маска за кожа без акни
Мед и цимет –Помешајте цимет со малку мед и нанесете на лицето. Смесата нека отстои 30 минути и потоа измијте се со ладна вода. Повторувајте ја постапката двапати неделно.
Маска која помага во процесот на стареење
Јајце и алое вера – Помешајте три лажички масло од алое вера со едно јајце и оставете ја смесата да делува 30 минути. Потоа отстранетеја од лицето Повторувајте ја постапката двапати неделно.