1. Со исхраната внесувајте доволно витамини за подобрување на вашиот имунитет. Колку е вашето тело поздраво, така ќе се бори подобро против се што ја иритира вашата кожа.
2. Еднаш неделно пред спиење испуканите усни измасирајте ги со влажна четка за заби, а потоа намачкајте ги со пантелон. Пред да излезете надвор ставете балзам или хидрантантен кармин. Бирајте бои во корална или нежно розева боја со нив најмалку се познаваат пукнатините од усните.
3. Завиткајте се со голем шал, така што ќе го заштитите вратот, косата и дел од лицето. Штом падне температурата почнете да носите и ракавици.
4. Користете дневни хранливи креми и за тело и за лице. Постојат посебни креми за ладни и ветровити денови, но и било кој хидратантен крем ќе ви ја одржи кожата влажна и цврста. Па ако излегувате надвор ставете крем на лицето и рацете и еден плус совет можеби ке ви звучи чудно но ќе има позитивен ефект врз вашата кожа. Користете крем со заштитен фактор 15 кој освен од сонце делува и како штит на кожата.
5. Најдобра заштита за кожата од ветрот е вазелинот кој ја стопира хидратацијата ја омекнува кожата и лечи од црвенило.
6. Пијте што е можно повеќе вода и зелен чај, затоа што отпорна кожа е само онаа која е хидрирана.