Главна предност кај кадриците е тоа што ги имаат само мал број на луѓе, така со редовно скратување и редовна нега веднаш после миење имате супер фризура и не треба да се грижите за фенирање, пеглање и сл. Се разбира, под услов да имате научено да ја сакате вашата коса и да уживате со незе. Доколку не, сега е вистинското време да ја засакате, затоа што тоа е оној дел на вашата глава која ве прави поубави.
Пречесто миење: Не заборавајте дека за кадравата коса не е добро пречесто миење, затоа што со миењето станува побујна, a кадриците ја губат својата форма. Пробајте да ја миете косата два пати неделно во лето, а еднаш неделно во зима. За сушење на косата избегнувајте фен, а ако баш мора да користите вклучете го на најниска температура. Пробајте да ја обликувате вашата коса со помош на масло од кокос или лаванда. Ова масло придонесува вашата коса да не изгледа премногу бујно, а воедно ја штити од надворешни влијанија.
Шампон и балзам: Многу е битно да најдете добар балзам Пронајдете го вашиот балзам кој ќе и дава влага на косата (најчесто овој тип на коса е сува затоа потребна и е влажност и хидратација). Не користете шампони кои имаат 2 во 1, односно и шампон и регенератор. Секогаш прво нанесувајте шампон па измијте ја. Потоа нанесете балзам и добро расчешлајте ја за крај добро исплакнете но внимавајте водата да не биди премногу жешка, односно што помалку млака тоа подобро за вашата коса.После тоа оставете косата сама да се подисуши и немојте повторно да ја чешлате. Избегнувајте директно триење со пешкирот. Оставете вашата коса да се суши околу 15-тина минути, за тоа време немојте да ја бришите и чешлате. Потоа нанесете крем за локни, важно е да имате добар крем за вашата коса, но тоа ќе го дознаете после неколку обиди и грешки. Кремата разнесете ја на дланките и нанесувајте од врвовите нагоре, на самиот корен не треба да се става. Така оставете 10 минути за вашата коса добро да ја впие кремата.
Гел и пена: Исто така доколку сакате вашите локни подолго да траат можете да нанесите гел или пена за кадрици. И тие се нанесуваат преку дланките без брзање постепено за да остани мирна вашата коса. Оставете ја да се суши на воздух, а повремено може да ја дувните со фен од врвовите спрема коренот.
Скратување: Одењето на фризер исто така треба да ви биди навика барем три пати годишно за да ја скратите и да го намалите нејзиниот волумен.
Доколку ги следите овие совети и ја негувате вашата коса, ќе имате секогаш здрава и сјајна коса која ќе привлекува внимание каде и да се појавите.