Андроид е оперативен систем наменет за смарт телефони и таблични уреди.

Еве неколку интересни факти за Андроид што можеби не ги знаевте до сега:

 

Енди Рубин, e креаторот на оперативниот систем Андроид. Тој бил нарекуван Андроид. Името го добил додека работел во Епл поради неговата љубов кон роботите.

Едно од најдобрите нешта кои ги нуди оперативниот систем Андроид се апликациите. Продавницата за апликации Google Play има околу 48 милијарди апликации, од кои повеќето се бесплатни.

Значењето на зборот Андроид е робот со човечки изглед. Ова се однесува на машки робот. Зборот за женски робот е Гиноид.

Освен Андроид 1.0 и 1.1, сите останати Андроид верзии се крстени по некои слатки како Jelly Bean, Ice Cream Sandwich, Honeycombи слично.

Оперативниот систем Андроид има повеќе од милијарда активирања на направи како смартфони и таблети.

Leave a comment