Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 76050

Батериите во паметни телефони денес се нивната најголема болна точка. Додека развојот на технологијата на процесорот, меморијата и екранот се базира на принципите на Законот Muro, батериите заостануваат.

 

Иако е најавен напредок во иднина, доминантна технологија од која се изработуваат батериите денес е литиум-јонската. Со овие батериипродолжуваат да се врзуваат некои митови. За разлика од никел-кадмиумските батерии од минатото, не е потребнода се калибрираат, тестираат, празнат или полнат до крај, но сепак имаат нивна специфичност (да не зборуваме дека тие се прилично запаливи под одредени услови).

Литиум-јонските батерии имаат свој рок на траење, кој е меѓу 3 и 5 години, а повеќето од производителите на телефони нагласуваат дека нивните батерии можат да издржат 300-500 циклуси на полнење (еден циклус е едно полнење од 0 до 100 проценти). Сето ова, сепак, постои на хартија.Во практиката често се случува деградација на батеријата по две години, а некои студии покажале дека батериите престануваат да траат по 100 циклуси на полнење. Потоа веќе не можат да го одржат својот полн капацитет, и паѓаат на 80%.

Кога да ја наполните батеријата?

Правилото со литиум-јонски батерии е дека би било идеално кога поголемиот дел од времето би можеле да бидат околу 50 проценти полни. Кога ќе паднат под 50 проценти, дополнете ги малку, но обидете се да не ги полните до 100 проценти.

Иако апсолутно ништо нема да се случи ако го правите тоа - дури и ако го правите редовно - подобро е да не се полнат до крај за подолго да трае батеријата.

Исто така, обидете се да не дозволите батеријата да падне под 20%. Често се поставува прашањето дали треба да дозволите батеријата да испразни целоснопред да се наполни - не треба.

Ова правило важило за батерии на база на никел, кои имале т.н. "мемориски ефект".

Тезата за ефектот на меморијата е дека батериите "забораваат" на капацитетот што не се користи редовно. На пример, ако често ја полнитебатеријата кога ќе дојде до 20 проценти, и оставате да се наполни до 80 проценти, теоријата покажува дека батеријата ќе заборави на останатите 40 проценти (од оние од 0 до 20 и 80-100 проценти).

Тоа е точно за никел-метал хидрид батерии и никел-кадмиумски батерии, но тие речиси никогаш не се користат во модерните телефони (и други уреди). Затоа, кај литиум-јонската батерија треба да го правите токму спротивното: да ги дополнувате во текот на денот и да не се испразнуваат до 0 проценти или да се полнат до 100 проценти.

Што е mAh?

mAh е стандардизирана ознака за капацитет на батеријата и ја означува мили ампер часови (milliampere hour). Ова значи дека ако имате батерија со капацитет од 1.000 mAh, таа ќе можеда овозможи работа од еден час на уредот.

Ако има капацитет од 5.000 mAh, потрошувачот ќе може да работи 5 часа. Напонот е изразен во волт (V) и се однесува на степенот на потрошувачка. Наједноставната споредба ќе биде со резервоар во автомобилот. Напонот во овој случај покажува колку гориво се троши, а mAh се однесува на капацитетот на резервоарот. Колку е поголем резервоарот, толку подолго уредот ќе работи.

Во кои случаи батеријата да биде целосно наполнета?

Експертите препорачуваат да се направи целосен циклус на полнење - од 0 до 100 проценти - еднаш месечно. Тоаќе ја рекалибрира батеријата, нешто слично како ресетирање на компјутерот.

Истото важи и за таблети и лаптоп компјутери.

Смеам ли да го оставам телефонот на полнач преку ноќ?

Се разбира. Иако, би било подобро да го исклучите од електрична енергија на околу 80 проценти, телефонот е доволно паметен за да престане со полнење кога ќе достигне 100 проценти.

Но, во овие ситуации може да не е лошо да го отстраните уредот од заштитната маска, ако ја има, бидејќи литиум-јонските батерии се загреваат.

Дали постои опасност при брзо полнење?

Многу модерни телефони, денес се произедуваат со технологија за брзо полнење. Иако е многу практично, бидејќи често потребни се само 15 минути за да се наполни батеријата до пола,брзото полнење не е најдобро за батеријата, бидејќи тоа може да доведе до намалување на капацитетот.

Брзото полнење понекогаш води до уште поголемо загревање, а екстремните температури не се добри за батериите (ниту високи, ниту ниски).

Поточно, под 0 степени Целзиусови количина на струја се намалува, додека над, да речеме, 45 степени, количеството се зголемува, но тоа драстично го забрзува разградувањето на батеријата.

Затоа, телефоните никогаш не треба да се чуваат на директна сончева светлина.

Може ли да се користи било кој полнач?

Доколку е можно, користете го полначот што доаѓа со уредот, бидејќи сигурно ќе го има потребниот напон и другите карактеристики.

Ако веќе користите друг полнач, пробајте да пронајдете некој од истиот производител на телефонот.

Доколку го полните вашиот уред на компјутер преку USB портал, брзината на полнење ќе се намали на половина, отколку ако го приклучите во ѕиден штекер со адаптер кои се заедно со вашиот телефон. Ова е затоа што USB 2.0 приклучокот обезбедува струја од 0,5 ампери (A), додека повеќето полначи обезбедуваат 1 A, а некои се способни да обезбедат 2 ампери.

Заштеда на долг период

Ако знаете дека нема да ја користите батеријата долго време, наполнете ја околу 40 до 50 проценти, не оставајте ја празна. Ако остане долго време сосема празна, можно е да не може да го задржи напонот.

Имајте на ум дека литиум-јонските батерии кои се исклученигубат помеѓу 5 и 10 проценти месечно и се обидувајте се редовно да ги дополнувате.

Како да го продолжите траењето на батеријата во еден ден?

Многу едноставно - ограничете го целиот хардвер и софтвер кој троши многу енергија. Се разбира, за жал, тоа значи дека останувате без поголем дел од можностите кои ги нудат паметните телефони.

Чекори кои можат да извлечат повеќе енергија од едно полнење се: намалување на осветленоста на екранот, кој е еден од најголемите потрошувачи; користете Wi-Fi мрежа наместо 4G секогаш кога е можно; целосно исклучете го преносот на податоци и GSM мрежа; гледајте што е можно помалку видеа; Вклучете го режимот за штедење енергија што го имаат сите модерни телефони; исклучете ги услугите за локација; исклучете Bluetooth, NFC; Вклучете го режимот на авион, кој ги исклучува повеќето од апликациите кои ја трошат многу батеријата.

Leave a comment