Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 76050

Ако се подготвувате да го продавате, подарувате или преуредите вашиот компјутер или паметен телефон, мора да бидете сигурни дека ќе ги отстраните сите ваши податоци претходно. Еве како можете да го направите тоа.

 

Зошто обичното бришење не е доволно добро?

Компјутерите имаат вградени алатки за бришење на датотеки, но тие често не ја завршуваат работата или се доволно темелни, а понекогаш и ги складираат избришаните датотеки на други локации на одредено време. Понекогаш тоа е корисно (особено кога случајно сте избришале нешто), но не кога сакате комплетно чист диск од кој не е можно да се обноват податоците што ги содржи, вели Tportal.

Зошто форматирањето не е доволно?

Форматирањето на диск е добар начин за брзо отстранување на големи количини на податоци од диск. Постојат два методи, но ниеден од нив не гарантира целосно бришење на податоци, бидејќи постојат бројни софтверски алатки кои можат да ги обноват податоците дури и по целосно форматирање.

Што да направите предцелосно бришење?

Направете резервна копија од сите податоци што ви се важни од која било причина. Избегнувајте правење бекап на USB, бидејќи тие полесно може да се изгубат и не се толку сигурни како хард дисковите. Секако, се препорачува да направите повеќе копии на различни места, ако можете.

Како да избришете хард диск на Windows (XP и понови)

Оперативниот систем Windows има вграден систем за форматирање, кој ќе го добиете со кликнување на менито Startсо десен клик на глувчето и одберете Disk Management. Ќе се појави листа на сите инсталирани дискови. Изберете го оној што сакате да го форматирате со десен клик на глувчето. Во опаѓачкото мени изберете Format, а потоа изберете го начинот на форматирање. Означете го полето Perform a quick format, започнете го процесот и почекајте додека не заврши.

Софтвер за целосно бришење

Постојат неколку софтверски алатки кои можат да го чистат вашиот диск бесплатно. На пример, Darik’s Boot and Nuke е погоден за бришење на хард дискови, додека Active @ KillDisk нуди многу различни опции за бришење и е прилично темелен.

Како да избришете податоци на хард диск на MАC (OSX Maverick и понови)

Исклучете го уредот. Потоа повторно вклучете го и брзо притиснете ги копчињата Cmd и R заедно пред да го слушнете звукот на стартувањето на компјутерот. Држете ги копчињата додека не се појави екранот OSX Utilities. Можеби ќе биде побарано прво да одберете јазик. Потоа, во менито, одберете ја опцијата Disk Utility. Изберете го дискот што сакате да го форматирате и кликнете на копчето Erase на врвот на прозорецот. Потврдете дека сакате да ги избришете податоците и кликнете на Erase.

Како да избришете податоци за SSD

SSD уредите се малку посложени од стандардните хард дискови, па прво проверете што препорачува производителот. Можно е да најдете алатка специјално дизајнирана за извршување на оваа задача. Ако не можете да најдете, обидете се со алатките како PartedMagic.

Како да избришете податоци на iPhone (iOS 10.3.3 и понови)

За да избришете податоци на вашиот iPhone, отворете во менито Settings, а потоа кликнете General. Најдете ја опцијатаReset и одберете ja. Ќе бидат понудени повеќе опции за ресетирање. Одберете Erase All Content and Settings. Потврдете дека сакате да избришете во прозорецот што ќе се појави и iPhone ќе исчистисè што не е поврзано со главниот систем со дадотеки.

Како да избришете податоци на Андроид (Nougat 7.1.2 и понови)

За да избришете податоци на вашиот паметен телефон со Андроид оперативен систем, отворете Settings, а потоа кликнете Back up and Reset. Побарајте ја опцијатаFactory Data Reset. Одберете Reset phone и почекајте додека не заврши.

Leave a comment