Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 76050

Списанието Wall Street Journal објави список на сите нешта кои Фејсбук ги дознава за вас кога ќе објавите "selfie".

 

Оваа проблематична листа го прикажува фактот дека оваа друштвена мрежа не мора да нè шпиунира преку микрофон, бидејќи веќе сме дозволиле да следи сè што правиме.

Па така, секогаш кога ќе објавите "selfie", Фејсбук ја добива вашата фотографија, текстот којшто сте го напишале заедно со фотографијата, и сите профили кои сте ги означиле. Потоа ја проучува фотографијата со помош на технологија за препознавање на лица како би дознал кои се на фотографијата – ако на фотографијата има повеќе луѓе, или е направена на јавно место, друштвената мрежа може да препознае повеќе луѓе отколку што вие ги познавате.

Со објавување фотографии на Фејсбук, окривате каде и кога сте ја направиле сликата, моделот на телефон кој го користите, кој вие е оператор, најблиската WiFi мрежа и приемници (кои исто така ја откриваат вашата локација) и уште многу други нешта.

Фејсбук знае и колку ви е полна батерија на телефонот.

Друштвената мрежа потоа може да ги поврзе тие податоци со податоците кои веќе ги има – и во теорија, ја обележува локацијата и сите луѓе кои се на фотографијата и чии лица ги препознава, без разлика дали сте ги означиле или не.

Leave a comment