Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 76050

Тие се единствените неприматни видови кои се познати по тоа дека знаат да прават алатки, како што се подложни стапчиња и куки, кои ги користат за да си соберат храна.

 

Новата студија покажа дека птиците можеле да размислат како да добијат наградувања со храна којашто лебди во вода, со пуштање тешки предмети во цевките исполнети со вода

Истражувањата покажаа декавраните имаат способност за расудување што се совпаѓа со онаа на човечки седумгодишник.

Научниците дошле до заклучок откако подложиле шест диви ново-каледонски врани на низа тестови со цел да го предизвикаат нивното разбирање на причина и последица. Сите задачи беа варијанти на Езоповатабасна во која жедната врана фрла камења во стомна за да се подигне нивото на водата.

Во задачата за "водоснабдување", врани сфаќале како да ја фатат храната која плови во водата, така што фрлалетешки предмети во цевки исполнети со вода.

Тие демонстрираа способност и фрлале тешки, а не пловечките објекти, цврсти, а не шупливи предмети, одбираатцевка со високо ниво на водата, а не со ниско ниво на вода, и одбираат една цевка исполнета со вода, а не исполнета со песок.

Меѓутоа, враните не успеаа на две потешки задачи. Еден тест барал ја разберат ширината на цевката, а другиот тест вклучувал разместување на вода во цевка со облик на буквата У.

Сепак, разбирањето на птиците за ефектите на разместувањето на волуменот се совпаѓало со човечките деца на возраст од пет до седум години, тврдат научниците.

Водечкиот истражувач Сара Јелберт, од Универзитетот во Окланд, Нов Зеланд, вели: Овие резултати се зачудувачки, бидејќи тие ги истакнуваат и силните страни и границите на разбирањето на враните.“ „ Впрочем, сите врани не успеаја во задача која ги прекршила нормалните причинско-последични правила, но тие можеа да ги поминат другите задачи, што покажува дека користеле одредено ниво на причинско-последичносфаќање кога биле успешни".

Ново-каледонските врани, именувани по островите во Пацификот каде што живеат, се познати по својата интелигенција и инвентивност.

Тие се единствените неприматни видови на кои им се познати алатките, како што се стапчињата и куките, кои ги користат за да ги земаат ларвите од трупците и гранките.

Уште една неодамнешна студија, исто така, се чини дека ја поддржува способностана птиците за решавање на проблемите. Експериментот, кој беше осмислен од страна на д-р Алекс Тејлор, предавач по еволутивна психологија на Универзитетот во Окланд, Нов Зеланд, вклучува дива врана која учи да користи одредени реквизити за време на тримесечното заробеништво. Враната успешно наредила сложувалка од осум дела за околу две и пол минути за да добие храна која била на непристапно место. После тоа, враната била пуштена на слобода.

Враните може да се сретнат на улиците низ градовите кадешто оставаат ореви и чекаат автомобилите да поминат и да ги скршат и потоа ги јадат. Тие ги набљудуваат светлата од семафорите и знаат точно кога да ги остават оревите.

 

Leave a comment