Лето е, пладне, ведро небо, сонцето пече. Животните лежат под сенка, птиците се во крошните на дрвјата. Асфалтот се топи. И одеднаш, Сонцето исчезнува. Инфомацијата за тој настан до нас би патувал со брзина на светлината: 8,5 светлосни минути, онолку колку што има од Сонцето до Земјата.
Прва планета која би потонала во мрак е Меркур. Меркур е одалечен околу 57 милиони километри од Сонцето и веста дека Сонцето повеќе не постои би стигнала за околу 3 минути и 20 секунди. За околу 6 минути, би настанал мрак на Венера. Веста на Земјата би стигнала по 2,5 минути. Ние на земјата би се грижеле, радувале, расправале и војувале за работи кои после тие 2,5 минути ќе станат потполно бесмислени. За тоа време планетата би го продолжила својот пат околу Сонцето кое веќе не постои. Под влијание на сончевата гравитација која иста така патува со брзина на светлината, Земјата би направила дел ос својот круг околу веќе непостоечката ѕвезда пред да исчезне гравитацијата.
И потоа, на денската страна од Земјата, после 8,5 минути од исчезнувањето на Сонцето, светлото наеднаш би се угасило. После неколку мига на збунетост и шок, би следела очајна и безнадежна паника.
На денската страна светлото би го снемало и одма потоа би се вклучило уличното осветлување по градовите, светилниците на морињата, светлата на аеродромите. На ноќната страна од планетата, уште неколку секунди би изгледало се’ нормално и народот би живеел со уверување дека е се во ред на небото. Но, после 3 секунди, по селата и секаде каде што осветлувањето не смета во погледот кон небото, би се приметило дека Месечината, ако е над таа страна од планетата, исчезнала. Би го испратила последниот одбиен сончев зрак на Земјата и би исчезнала во темнината.
Интересно би било ако се набљудува од далечина целиот настан. На почеток, ништо не би изгледало драматично, и во еден момент, без некоја видлива причина, планетите од кружно движење, ќе почнат да се движат праволиниски откако и последниот бран на гравитација од Сонцето ќе помине низ нив.
И после некое време, би настанал хаос. Секое тело би го продолжило движењето потангентата на својата дототгашна орбита и така секое би се движело во различен правец и со истата брзина кое ја ималео додела орбитирало околу Сонцето. Побрзите тела би ги стигнале поспорите и гравитационите полиња би си влијаеле едно на друго. И така, во зависност од положбата во моментот на исчезнувањето на Сонцето, Земјата би го стигнала Јупитер и би станала негова најголема месечина. Или би се судрила со Јупитер , но тој настан би немало кој да го види, бидејќи сложениот живот дотогаш би изумрел. Нормалната брзина на движење на Земјата е 29,78 километри во секунда, а на Јупитер 13,07 километри во секунда.
Но, што би се случувало со Земјата? Температурата ќе почне веднаш да опаѓа. После една недела површината на Земјата би достигнала нула степени, а после една година на -100 и би продолжила да опаѓа се’ до -240 степени, и тогаш би се стабилизирала. Но дотогаш би поминале неколку милиони години. Но јадрото на Земјата и понатаму би било врело. Температурата на јадрото изнесува околу 5,5 илјади степени. Таа температура ја одржуваат долготрајни радиоактивни распаѓања. Од создавањето, пред 4,5 милијарди години до сега, Земјиното јадро се изладило за само неколку стотици степени.
Без сончева светлина, фотосинтезата ќе престане веднаш и повеќето растенија, во рок од неколку недели, би овенале. Исклучок би можеле да бидат само ретки, многу големи стебла кои би можеле да преживеат неколку декада.Останиот жив свет на површината би изумрел од студ и глад. Само мршојадците некое време би имале храна во изобилство, но би издржале неколку недели.
Длабоко под површината на планетата, едноставните форми на живот би опстанале со години. Тие микроорганизми кои не зависат од Сонцето не би осетиле никакви промени се’ додека студот не допре до нив.
Површината на океаните би се замрзнала за околу 2 месеци. За целосно да се замрзнат океаните, потребни би биле илјадници години. На самото дно на океаните околу термалните извори и понатаму би било топло и едноставните форми на живот би можеле да опстанат повеќе милијарди години.
Би се замрзнала атмосферата на Земјата, и така таа би останала без заштитата од космичко зрачење. Од далечина, целата планета би изгледалакако огромна снежна топка која лута бесцелно низ космосот.
Алфа Кентаур е најблиската ѕвезда до Земјата, после Сонцето. Оддалечена е 4,3 светлосни години. Ако Земјата би тргнала кон таа ѕвезда, до неа би стигнала за 43 000 години и би станала дел од нејзиниот планетарен систем. Но тоа е малку веројатно. Во случај ако не ја зафати гравитација од ниту една ѕвезда, Земјата би го продолжила патувањето. За милијарда години по поминала пат од 100 000 светлосни години. Но порано или подоцна би упаднала во некој систем и таму можеби би се разбудиле основните форми на живот кои опстојувале целиот тој период.