Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

ИРЗ Тетово е еден од основачите на Коалиција на младински организации СЕГА и е нејзин активен член од 27 Септември 2004 година. Коалиција СЕГА со помош на своите основни и придружни членки во кој е вклучен нивниот активен придонес има постигнато многу за младите на локално, регионално и национално ниво.

 

#ВолонтирајИнспирирај #15годиниСЕГА

ИРЗ е одржлива волонтерска граѓанска организација која работи на градење на демократски интегрирано и мултиетничко општество преку зајакнување на капацитети на индивидуалци, организации и институции.

ИРЗсе стреми кон создавање на хармонично мултиетничко општество на богати и образовани луѓе – општество без предрасуди.

ИРЗ  ја има следнава порака во однос на волонтирањето а  која е дел и од програмата во Стратешкиот План :  Проактивна младина,  волонтерство на повисок ранг

Програма за проактивна младина, волонтерство и полова еднаквост

-            обука за млади невработени за проектен циклус – ИРЗ школа

-            надградување на капацитети на млади, особено во делот за градење мир и доверба меѓу млади од различна етничка припадност

-            развој на стратегии, програми и активности сврзани за млади, волонтерство и полова еднаквост

-            Активности за промоција на техничко образование на млади преку соработка со Сојуз Народна техника на Македонија. 

 

ИРЗ во својата 25 годишна работа има многу големо искуство со волонтери и млади лица. Низ школата на ИРЗ се поминати  повеке од 50 волонтери. ИРЗ, волонтерите исто така ги вклучува и во работата на проекти и проектните активности.

Leave a comment