Денес во дворот во Посебното основно училиште „Др. Златан Сремец“ во Скопје се одржа волонтерската акција на Волонтерски Центар Скопје.

Акцијата се одржа во рамките на кампањата Волонтирај!Инспирирај! која ја спроведува Коалиција СЕГА на национално ниво заедно со нејзините пет локални партнери.

Акцијата беше спроведена од страна на локалните волонтери на Волонтерски Центар Скопје заедно со учениците и нивните наставници креираа дел од градината која потоа ќе ја користи градинарската секција на училиштето. На акцијата и претходеа и панел дискуција во Општина Кисела Вода, инфоден и едукативна работилница со ЕВС/ЕСК волонтери и волонтери од Peace Corps North Macedonia.

Кампањата има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање во нашата земја.

Преку кампањата и предвидените активности ќе се влијае на подигнување на свеста кај младите за волонтирање преку нивно вклучување во конкретни волонтерски локални акции.

Останете во тек следуваат останатите 4 акции во различни градови во нашата држава.

 

 

Leave a comment