Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

На 14 август 2019 година во просториите на Младински совет Прилеп, се одржа едукативна работилница во рамките на новата Национална кампања на Коалиција СЕГА и членките: Волонтирај за доброто на твојата заедница, инспирирај ги младите околу тебе, која се спроведува по повод 15 години СЕГА.

На работилницата учествуваа 13 локални волонтери.

Заедно со волонтерката Ема од Peace Corps научивме повеќе за волонтирањето во САД, игравме игри, учевме за тимска работа и поделени во тимови правевме активности за градење на тимот, решававме квиз и цртавме поими поврзани со волонтерство.

Националната кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за цел да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.

Leave a comment