Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

Во рамките на проектот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници “ од Коалиција СЕГА, беше одржана локална дискусија на тема „Предизвици на практикување на волонтерството во заедницата“ организирана од ИРЗ – Тетово.

Дискусијата беше одржана на 13 Јуни 2019, во просториите на Урбан Тетово. Присутни беа 25 лица, од различни категории на граѓани. Дискусијата ја отвори Јасмина Јаневска,претставник на ИРЗ, ги поздрави присутните и ја објасни кампањата на Kоалиција СЕГА, улогата на ИРЗ и начинот на кој се спроведува.

Препораките од присутните беа дека се задоволни од самата кампања и препорачуваат почесто вакви или слични кампањи, #Волонтирај – #Инспирирај според нив значи биди пример за другите. Не секогаш волонтирањето резултира со вработување а и не секаде мора да се биде волонтер за да се стане вработен. Се е во зависност од потребите и барањата на компаниите и организациите. Најважно е да не дојде до злоупотреба на волонтерот на било кој начин. Заклучок и главна препорака на присутните е да се пронајде начин за младите активно да се вклучат во процесот на волонтирање и да го спознаат бенефитот од истото. Активни млади значи ефикасно и успешно општество.

Leave a comment