Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

На 12.06.2019 година, во просториите на Коалиција на младински организации СЕГА, Младински Совет Прилеп одржа панел дискусија на тема: „Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата“.

Дискусијата се одржа во рамките на новата кампања на членките на Коалиција СЕГА, по повод 15 години СЕГА насловена како: #Волонтирај за доброто на твојата заедница! #Инспирирај ги младите околу тебе!.

Целта на дискусијата беше прибирање на основни информации за волонтерството на локално ниво.

На дискусијата беа присутни претставници на локални институции, граѓански организации и млади, а беа отворени прашањата за мотивацијата кај младите за волонтирање, законското регулирање на волонтерството и разликите помеѓу волонтерство и практикантство, правата на волонтерите, а слушнавме и за некои успешни волонтерски приказни.

Целта на кампањата: #Волонтирај #Инспирирај е да се подобри опкружувачката околина за волонтирање во нашата земја.

Leave a comment