Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

Младински Совет Прилеп како членка на Коалиција на младински организации СЕГА организира локална панел дискусија: „Предизвици на практикување волонтерство во заедницата“.

 Дискусијата ќе се одржи во просториите на Коалиција на младински организации СЕГА  (ул. Цар Самоил 18, до Економско училиште, на трет кат) во среда, 12 јуни 2019 година во 12 часот.

Панел дискусијата се организира со цел да се приберат основни информации за волонтерството на локално ниво. Кампањата „Волонтирај за доброто на твојата заедница! Инспирирај ги младите околу тебе!“ има за цел да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање во нашата земја.

Преку кампањата и предвидените активности ќе се влијае на подигнување на свеста кај младите за волонтирање преку нивно вклучување во конкретни волонтерски локални акции.

Доколку сакате да бидете дел од дискусијата и сакате да дадете придонес преку споделување на искуства, но и проширување на знаењата за волонтерство, пријавете се на следната е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или јавете се на телефонскиот број 075/377-317.

Leave a comment