Се одржа Национална Конференција за младинско инормирање „Информирај се СЕГА!“

На 18 април, 2016 година во просториите на ЕУ Инфо центарот се одржа Националната Конференција „Информирај се СЕГА!“ која се организираше во рамките на Националната кампања „Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА “. Исто така овој настан го одбележа 17 Април, Европскиот ден на младинско информирање На конференцијата присуствуваа претставници од младински организации од цела Македонија, претставници на Агенција за млади и спорт, млади, советници за млади и други претставници на релевантни институции и организации.