ТИ ИМАШ ПРАВО ДА БИДЕШ ИНФОРМИРАН! ИНФОРМИРАЈ СЕ СЕГА!

Сакаш подетално да се информираш за образование, здравство, вработување или волонтирање? Дознај повеќе за твоите права како потрошувач и дојди полесно до информациите за добивање лични документи. Знаеш ли каде може да се обучиш и да станеш претприемач? 

ИНФО СЕГА на Пиво фест

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, организираше Инфо Денови во периодот од 15 до 18 Јули, по повод најголемиот Балкански ПИВО ФЕСТ оджан во Прилеп.

Целта на овој настан беше да се информираат младите за постоењето на центарот и услугите коишто ги нуди. Во текот на овие 4 дена, повеќе од 5000 млади го посетија штандот, при што голем дел од нив има можност да се запознаат со тимот кој работи во ИНФО СЕГА, да се информираат за сите услугите кои ги нуди. Интересот на младите воглавно беше насочен кон информациите за тековните уписи на факултетите и можностите за стипендии во земјава и странство. 

Отворен првиот Младински Информативен центар ИНФО СЕГА во Прилеп

На 31 мај 2010 година свечено беше отворен Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА Прилеп. Центарот официјално беше отворен од страна на Извршниот директор на Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување (ERYICA), Г-дин Давиде Капеки, Раководителот на сектор за развој за младинска политика на Европскиот Младински Форум, Г-дин Дражен Пулјиќ,  Извршниот директор на Коалиција СЕГА, Г-дин Зоран Илиески, Директорот на Агенција за млади и спорт, Г-дин Диме Спасов како и Градоначалникот на Општина Прилеп  Г-дин Марјан Ристески .

За ИНФО СЕГА Прилеп

Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА во Прилеп е         проект кој го спроведува Коалиција на Младински организации СЕГА, а е финансиран и поддржан од Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија и Локална Самоуправа Прилеп. ИНФО СЕГА е првиот Младински Информативен центар кој е отворен на 30 мај 2010 година и работи според принципите на ERYICA (Европската агенција за младинско информирање) и Европската повелба за младинско информирање.

 

Основна цел е обезбедување и ширење на информации, давање на совети, испорачување на обуки и едукации од различни области од животот на младите луѓе. Преку функционирањето на ИНФО СЕГА младите ќе бидат информирани за слободните работни места, волонтирање, образование, рекреативните и културните институции и установи, остварување на социјалните права, мобилност, следење на различни обуки, преквалификација и патување, спортско наградување и.т.н.