Новости (3)
Победник на конкурсот за лого на националната кампања „Право на младинско информирање–информирај се СЕГА! “
Со задоволство објавуваме дека Комисијата за евалуација на пристигнатите апликации на конкурсот за лого за национална кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА! “ , составена од Агенција за млади и спорт и ИНФО СЕГА, од големиот број на апликации кои пристигнаа , за НАЈДОБРО ЛОГО го избра предлогот на БЛАШКА МИЕВА, на која Агенција за млади и спорт и доделува награда во висина од 250 евра.
Конкурс за избор на лого за националната кампања „Право на младинско информирање–информирај се СЕГА!”
Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт, Коалиција СЕГА и други невладини организации на први декември 2015 година официјално ја започнаa Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“.
Почеток на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“
Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и Коалиција СЕГА на први декември 2015 година официјално ја започнаа Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“. Кампањата има за цел да им го донесе поблиску правото на младите луѓе да прашуваат и да добиваат информации од носителите на одлуки. Во кампањата се приклучија 10 организации од повеќе градови низ Македонија.