Оваа средба е дел од Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ која ИНФО СЕГА ја спроведуваше заедно со други невладини организации од неколку градови во Република Македонија. Целта на истата е истакнување на правото на младите луѓе да добиваат квалитетни информации, како и доближување до институциите што делуваат на локално ниво. Преку посетата на младите кај градоначалникот им овозможивме на младите прашуваат и да добијаат одговори на нивните прашања.
На средбата дискутиравме за разни актуеални теми кои ги засегаат младите, а градоначалникот ни даде отворена покана за натамошни средби на кои би разговарале за поконкретни проблеми, како и ги поттикна присутните да се активираат во реализацијата на активности и проекти што се во нивен интерес.
Тимот на ИНФО СЕГА се заблагодарува пред сѐ на Градоначалникот за продуктивната остварена средба, како и на Младински Совет- Прилеп како партнер во Националната кампања.
Кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.