На 04.02.2016 година од 11 часот во просториите на Младинскиот Информативен Центар ИНФО СЕГА Прилеп се одржа координативен состанок со партнерите од  Националната кампања „Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА!“.

Целта на состанокот беше да се обезбеди преглед на планираните активности за идниот период, споделување на одговорности како и воспоставување на канали на комуникација помеѓу партнерите.  

На состанокот присуствуваа претставници од секоја партнер организација: ИНФО СЕГА Прилеп и Кавадарци, Коалиција СЕГА, ИМКА Битола, Сфера Битола, Младински Совет Прилеп, Волонтерски центар Скопје, АЛДА Скопје, Организација на жените Свети Николе ОЗО и АЦЕ Кавадарци задолжени за спроведување на активностите од кампањата.

 

3796 comments

Leave a comment