Состанокот беше одржан со цел да се се споделат информациите до кои сме дошле од состанокот со средношколци, сумирање и определување на веќе достапните информации и поврзување на организациите и локалната самоуправа со цел подобрување на работата во полето на младинско информирање.
На состанокот се разговараше за информациите кои ги нудат невладините организации со цел да се формира дата база на активни НВО од Прилеп но и за поддршката што ја добиваат од страна на локалните власти или другите организации.
Младинскиот информативен центар ќе продолжи со планираните активности во рамките на Националната кампања.
Кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.