Состанокот беше одржан со цел да се соберат информации за младинските потреби за информирање во средношколските заедници, односно кои информации им се достапни и до каков тип на информации сакаат да имаат повеќе пристап. На состанокот се разговараше за начините на кои информациите би им биле подостапни, како и за тоа кои извори за информирање ги користеле до сега, но и за поддршката што ја добиваат од страна на училишната служба, локалните власти или други организации.
Младинскиот информативен центар ќе продолжи со планираните активности во рамките на Националната кампања.
Кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.