На 16.02.2016 година во просториите на Младинскиот Информативен центар од Кавадарци се одржа состанок со претседателите на средношколските организации. Овој состанок е дел од активностите на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ која ја спроведуваат Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци, во соработка со Агенција за млади и спорт, Коалиција СЕГА и други невладини организации.

          

Состанокот беше одржан со цел да се соберат информации за младинските потреби за информирање во средношколските заедници, односно кои информации им се достапни и до каков тип на информации сакаат да имаат повеќе пристап. На состанокот се разговараше за начините на кои информациите би им биле подостапни, како и за тоа кои извори за информирање ги користеле до сега, а и за поддршката што ја добиваат за истото од стана на училишната служба, локалните власти или други организации.

 

Воедно, младите имаа можност и подетално да се запознаат со работата на центарот, кои можности ги нуди и кој е нивниот бенефит од активностите што се спроведуваат. Овде нагласивме дека Младинскиот информативен центар постои со цел да се дејствува во нивна корист, да се слушнат нивните желби и да се дознаат нивните потреби, за потоа да се направат напори за нивно реализирање.

 

 

 

Целиот настан го оценуваме како позитивен и ефективен, и сметаме дека основната идеја – да се покрене свеста за потребата од објективно младинско информирање, успешно почнуваме да ја реализираме. Младинскиот информативен центар ќе продолжи со планираните активности што се базираат токму на оваа идеја, секако во насока на потребите на младите.

 

Кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.

2061 comments

Leave a comment