Избор на најдобра мобилна апликација во рамките на националната кампања „Информирај се СЕГА“
- Новости
- 06 Mar 2017
Денес 06.03.2017 (понеделник), во бараките на ФИНКИ, во мултимедијалната сала,во Скопје, со почеток во 12 часот, се одржа официјална презентација на најдобра мобилна апликација - Натпревар за креирање мобилна апликација во рамките на Националната кампања "Информирај се СЕГА", спроведена од Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и има за цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни и да бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното информатичко општество.
Се одржа Национална Конференција за младинско инормирање „Информирај се СЕГА!“
- Активности
- 19 Apr 2016
На 18 април, 2016 година во просториите на ЕУ Инфо центарот се одржа Националната Конференција „Информирај се СЕГА!“ која се организираше во рамките на Националната кампања „Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА “. Исто така овој настан го одбележа 17 Април, Европскиот ден на младинско информирање На конференцијата присуствуваа претставници од младински организации од цела Македонија, претставници на Агенција за млади и спорт, млади, советници за млади и други претставници на релевантни институции и организации.
Почеток на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“
- Новости
- 16 Mar 2016
Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и Коалиција СЕГА на први декември 2015 година официјално ја започнаа Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“. Кампањата има за цел да им го донесе поблиску правото на младите луѓе да прашуваат и да добиваат информации од носителите на одлуки. Во кампањата се приклучија 10 организации од повеќе градови низ Македонија.
Вовед и цели на националната кампања „Право на младинско информирање–информирај се СЕГА!“
- За Кампањата
- 15 Mar 2016
Вовед
Почитувањето на демократијата, човековите права и основните слободиго подразбира и правото сите млади луѓе да имаат пристап до комплетни, објективни, разбирливи и сигурни информации за сите нивни прашања и потреби. Ова право на информирање е признато со Универзалната декларација за човекови права, Конценцијата за правата на детето, Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, и препорака N ° 7 (90) and CM / препорака 8 (2010) младинско информирање, и Белата книга за млади на Европската комисија (2001). "Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!" е национална капања што е имплементирана од Младинските информативни центри во Прилеп и Кавадарци со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, членови нa СЕГА и младински организации низ Македонија. Кампањата има за цел да им го приближи правото на младите луѓе да поставуваат прашања и да добиваат информации од оние што се овластени да одлучуваат.