Кристијан Николов од Скопје е победник на натпреварот за најдобро видео за мобилната апликација Млади АМС во рамките на Националната кампања „Информирај се СЕГА!“.

Кампањата ја спроведува Коалицијата за младински организации СЕГА, во партнерство со Агенцијата за млади и спорт и Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип.

Една од активностите на кампањата беше натпревар за изработка на видео кое најдобро ќе ги прикаже перфомансите на првата мобилна апликација за младинско информирање Млади АМС, на кој учество зедоа студенти од повеќе факултети од цела Македонија.

Во следново интерјвју ке дознаеме нешто повеќе за победникот на натпреварот Кристијан Николов.

 

ИНФО СЕГА: Кажи ми нешто повеќе за себе?

КРИСТИЈАН: Пред се, ми бешe предизвик да учествувам на овој натпревар и морам да напоменам уште нешто - Бидејќи овој период од годината ми е најомилен, уште поголемо ми е задоволството, чест токму сега во овој предновогодишен период да бидам избран за победникво изработката за најдобро видео во рамките на Националната кампања ‚‚Информирај се СЕГА!‘‘. Се викам Кристијан, Роден сум во Скопје - 27 Ноември 1996 година. Средно училиште завршив во ССОУ „Коле Неделковски“ - компјутерска техника и информатика. Продолжив со мојата определба во областа на информатиката. Студент сум на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола, студиска програма: Информатички науки и комуникациско инженерство.

 

ИНФО СЕГА: Кои се твоите интереси и хоби, настрана од твојата професија?

КРИСТИЈАН: Фотографирањето и креирањето на видеа се дефинитивно подрачја во кои се пронајдов, подрачја во кои творам со многу голем интерес, совладувам нови хоризонти. Слободното време го користам за одигрување на некоја партија фудбал со моето друштво, за гледање на некое добро, забавно филмче, онака доцна навечер, за добри журки.

 

ИНФО СЕГА: Која е твојата професија / Што работиш?

КРИСТИЈАН: Покрај активностите на факултетот, работам како видео креатор(монтажер) уште од средношколсите денови. Имам своја мала видео продукција која успешно функционира до сега. За неа постои YouTube канал, со кој сум партнер на YouTube веќе неколку години и на кој прикачуваме секаков тип на видеа.

 

ИНФО СЕГА: Може накратко да го објасниш процесот на создавање видео?

КРИСТИЈАН: Во однос на видео изработката за потребите на Националната кампања „Информирај се СЕГА!‘‘, уште во самиот почеток кога беше објавен конкурсот, ме заинтересира и си поставив цел - користејќи го моето досегашно искуство во изработката на разни видео материјали да изработам нешто што навистина ќе остави голем впечаток. Најпрво си создадов слика како да изгледа, што би билоприфатливо, впечатливо, кои сегменти музички, визуелни да бидат опфатени, едноставно што би било интересно за младата популација и со неколку пати коригирање на истото успеав да стигнам до финалниот резултат. 

 

ИНФО СЕГА: Каде ја најде инспирацијата за создавање на видео за мобилната апликација?

КРИСТИЈАН: Инспирацијата за создавањето на видео за мобилна апликација ја црпев од YouTube, разгледувајќи разни видеа од таков тип иразмислувајќи во себе, како до идеално видео? Многу ми значеа и размислувањата на моите најдобри другари, моето потесно друштво, што би било најинтересно за нив како млади да биде застапено во видеото. Собрав доволно информации, си создадов јаснавизија за изгледот на видеото и започнав со реализирањето на мојата поставена цел.

 

ИНФО СЕГА: Како планираш да ја искористиш добиената награда од Агенцијата за млади и спорт?

КРИСТИЈАН: Па...Немам добро размислено, но најверојатно би ја вложил во видео опрема со која би го работел и понатаму она што го сакам.

 

ИНФО СЕГА: Кои се твоите очекувања од видеото за мобилната апликација?

КРИСТИЈАН: Со оглед на тоа дека ваквиот тип на видеа навистина имаат голем придонес врз развојот на една апликација, очекувам што повеќе млади да дознаат за неа, бидејќи навистина е она што им треба! Апликација за младинско информирање!

 

ИНФО СЕГА: Каде се гледаш себе си по завршувањето на студиите / во блиска иднина / дали ќе продолжиш да креираш видеа?

КРИСТИЈАН: Во принцип секогаш одам чекор по чекор, сега засега приоритет ми е факултетот, а кога би зборувал за иднина, искрено би сакал да работам во некоја компјутерска компанија. Нормално, да, креирањето видеа секогаш ќе биде она во кое што уживам!

 

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.

Leave a comment