Цели на кампањата:
-Зголемена свест кај младите луѓе за важноста на е-информирање
-Креирана и промовирана апликација за младинско информирање
-Формирана мрежа за младинско информирање на национално ниво
Оваа кампања се спроведува во период од 8(осум) месеци (од 1ви Октомври 2016 до 1ви јуни 2017 година) и предвидува серија на активности на локално и национално ниво, со цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации и да ја подигне свеста за значењето на онлајн младинското информирање.
Една од активностите на кампањата беше натпревар за изработка на мобилна апликација за веб страната http://mladi.ams.mk/ во партнерство со ФИНКИ, на кој учество зедоа тимови од студенти од повеќе факултети од цела Македонија.
Сите тимови кои изработија мобилна апликација добија време од 15 минути за презентација. Во текот на презентацијата комисија од 5 (пет) лица направи оценки на апликациите и се водеше според претходно утврдени технички критериуми.
Најдобрата изработена мобилна апликација е апликацијата на Јане Џумеркоски, 22 годишен студент на ФИНКИ. Апликацијата е наградена со парична награда во вредност од 500 евра од страна на Агенција за млади и спорт.
Кампањата "Информирај се СЕГА" се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.