ИНФО СЕГА (320)

За ИНФО СЕГА Прилеп

Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА во Прилеп е         проект кој го спроведува Коалиција на Младински организации СЕГА, а е финансиран и поддржан од Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија и Локална Самоуправа Прилеп. ИНФО СЕГА е првиот Младински Информативен центар кој е отворен на 30 мај 2010 година и работи според принципите на ERYICA (Европската агенција за младинско информирање) и Европската повелба за младинско информирање.

 

Основна цел е обезбедување и ширење на информации, давање на совети, испорачување на обуки и едукации од различни области од животот на младите луѓе. Преку функционирањето на ИНФО СЕГА младите ќе бидат информирани за слободните работни места, волонтирање, образование, рекреативните и културните институции и установи, остварување на социјалните права, мобилност, следење на различни обуки, преквалификација и патување, спортско наградување и.т.н. 

 

ИНФО СЕГА ОДРЖА КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА СО УЧЕНИЦИ ОД ОУ. „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“- ПРИЛЕП

На 02 март 2016 година, Инфо Сега одржа креативна работилница со ученици од ОУ . Климент Охридски“ Прилеп, воIV-3 одделение

МЛАДИНСКИОТ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ИНФО СЕГА СТАНА ДЕЛ ОД EURODESK МРЕЖАТА!

Eurodesk е меѓународна непрофитна организација, создадена во 1990 година како медиум за програмата Еразмус + (2014-2020). Eurodesk e сеопфатен и достапен извор на младинско информирање за интернационални можности за мобилност и учење.

ИНФО СЕГА го одбележа Денот на жената 8 март

На 8 март, 2016 година од 12.00 часот во центарот на Прилеп тимот на ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп со ЕВС волонтерите од Франција, Романија и Италија  симболично го одбележаа Денот на жената преку продавање и делење на рачно изработени картички. Картичките беа изработени од ЕВС волонтерите и локални млади волонтери на креативни работилници организирани во ИНФО СЕГА.