Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА Прилеп е отворен на 30 мај 2010 година. ИНФО СЕГА Прилеп е проект кој го спроведува Коалиција на Младински организации СЕГА, а е финансиран и поддржан од Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија и локалната самоуправа од Прилеп.

На 19 август 2015 година е отворен вториот Младински Информативен Центар ИНФО СЕГА во Кавадарци во рамките на поддршката на Програмата за децентрализирана соработка со меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија, Општина Кавадарци и Коалиција на младински организации СЕГА.

Младинските Информативни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци нудат информации и услуги за млади и младински организации и се единствени во Македонија кои работат според принципите на ERYICA (Европската агенција за младинско информирање) и Европската повелба за младинско информирање.

  

Основни програми кои ги спроведуваат се:

v  Младинско информирање - информации за вработување, волонтерство, стипендии, образование, култура, домување, учество на семинари, обуки, конференции и сл.

v  Центри за документација и информирање - печатени и електронски публикации, прирачници, книги и важни документи од областа на младите.

v  Промовирање на европски програми и волонтерство - обезбедуваат информации за Европски програми и проекти, како и за можностите за искористување на овие програми.

v  Услуги за млади и младински организации - туторство, можности за волонтерска пракса за студенти/апсолвенти, професионална ориентација, изнајмување на простор за работилници, прес конференции и сл.

v  Поддршка на младите луѓе во општините Прилеп и Кавадарци - Давање на директна поддршка на младите луѓе преку спроведување на различни едукации за младите како на пример: Професионална ориентација, Полесно совладување на материјалот, Заштита на лични податоци на интернет, Изготвување на CURICULUM VITAE (CV), структурано CV, мотивационо писмо и интервју за работа и сл.

- Менторство на ученици преку помош и поддршка во пишувањето на домашните задачи и совладување на материјалот;

- Организирање на бесплатни курсеви за изучување на странски јазици;

- Активности за застапување на локалните младински потреби.

v  Соработка со институции и организации - Младинските информативни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци соработуваат со различни институции и организации од земјата и странство во интерес на своето работење и на младите.

 

 

 

3858 comments

Leave a comment