Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 76049

Извештајот за состојбата на NEET - искуството на ЕУ, специфичностите за Македонија и Хрватска ги презентира податоците собрани преку процес на сеопфатна работа и истражување за младите за состојбата на НЕЕТ на ниво на ЕУ и состојбите на терен во Македонија и Хрватска (регионот на Ријека). Извештајот е клучен резултат во рамките на проектот "Младински информативни центри оспособени за NEET" кофинансирани од програмата Еразмус+ на Европската унија, Клучна акција 2: Соработка за иновации и размена на добри практики, Стратешки партнерства во областа на младите, Стратешки партнерства за поддршка на иновациите.

Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА (Македонија), Удруга - Регионален инфо центар за млади Ријека - УМКИ (Хрватска) и Асоцијацијата - образование преку интернет (Полска).

Извештајот дава корисни информации за следните аспекти на состојбата со NEET групата:

-        Статистички податоци за NEET на ниво на ЕУ, Македонија и Хрватска;

-        Податоци за образованието и вработувањето на младите и специфичностите на NEET групата во врска со ова;

-        Анализа на владините политики за NEET групата, како и на постоечки мерки за решавање на потребите поврзани со образование, обука и вработување на младите во NEET групата;

-        Презентација и анализа на важноста на информирањето на младите, како и различни модели за воспоставување на младински информативни услуги на национално и локално ниво;

-        Податоци и наоди од спроведеното теренско истражување на 600 млади кои се дел од NEET групата како во Македонија така и во Хрватска (регион Ријека);

Младите во ситуација на NEET во двете земји се соочуваат со недостаток на конкретни владини мерки кои ќе ги задоволат нивните потреби за обука, образование и вработување. Постојат некои постоечки мерки кои понатаму треба да се прилагодуваат на потребите на оваа група. Младинските организации во двете земји би можеле да преземат проактивен пристап кон владините институции, да развијат и прилагодат разни младински информациски модели како веб-страници, портали, младински картички, младински саеми итн. кои би им служеле на младите во ситуација на NEET. Посебно внимание треба да се посвети на жените во групата NEET и мерките треба да се прилагодат на нив со цел да се мотивира оваа група активно да бараат вработување и образование. Податоците на терен за оваа група не може да се генерализираат, односно да се однесуваат на сите млади од NEET групата во двете земји. Ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се дефинираат различните пристапи кон оваа група во различни региони на земјите. За почеток, проектот може се фокусира на развој на онлајн алатки за да овозможи пристап на младите од NEET групата до информации како што се веб-сајтови, мобилни апликации итн. Друга можност што се препорачува и се бара од младите во NEET групата во двете земји се активности за вмрежување и споделување со врсници, но исто така и со претставници на службите за вработување, бизнис секторот и владините институции.

Подолу можете да го прочитате прирачникот изработен во рамките на овој проект насловен како: „Улогата на младинските информативни сервиси во социјалната инклузија на младите кои се во NEET ситуација“.

Download attachments:

Leave a comment